Работникот против империјализмот

Ленин беше апсолутно во право кога рече дека „војната служи како природно средство за елиминирање на неусогласеноста меѓу растот на производните сили, првенствено во идиотската форма на акумулација на капитал, од една страна, и поделба на сферите на влијание на финансискиот капитал, од друга страна.“

Епохата на модерниот капитализам ни потврди дека меѓунадродните односи се оформуваат меѓу капиталистичките сојузи, врз основа на економската поделба на светот од една страна и развиваат одредени односи меѓу политичките унии и државите врз основа на територијална поделба на светот, борба за колонии, пазари и економска зони од друга страна. Така, стадиумот на капитализам кој го разви колективниот Запад, пред се од страна САД, доведе до целосна економска поделба на светот, која се карактеризира со хегемонија и диктатура на западните транснационални корпорации, од воено-индустриски конгломерати и нафтени и гасни корпорации до ИТ гиганти и „голема фарма“.

Непрекинатото функционирање на диктатурата на капиталот би било невозможно без воена доминација над обичниот човек и работникот – кој во нормални услови природно не би се согласил да биде роб на интересите на капиталот. За овозможување на ова беше формирана алијансата на НАТО, која способствува со моќ непрекинато да ги потиснува суверенитетите на одделни земји и прибегнува кон примена на сила и оружје, со капацитет да ги подгрее односите помеѓу државите и нивните малцинства било каде во светот, предизвикувајќи поделба и конфликт, кој овозможува лесно владеење со новите пазари.

По распадот на Советската држава завладеа диктатурата на капиталот. Беше создаден монополарен военодоминирачки свет кој ги овозможи потребните западни корпарации да завладеат со светската економска моќ. Тие се стекнаа со капацитет да одлучат каде ќе создадат „жешки точки“ и како ќе ги претопуваат властите во државите во свои слуги во било која од земјите, по распадот на социјалистичкиот блок. Во 2014 година, прозападна група олигарси ја презеде власта во Украина, конечно претворајќи ја украинската држава во марионета, пред се на американската олигархија. Украина, по примерот на некои земји од претходно, стана одбранбена линија на американскиот империјализам во Источна Европа. Избувнувањето на непријателствата во Украина го заокружи периодот на подготовка за отворената борба на американскиот империјализам за зачувување на неговата хегемонија и светскиот поредок. На сето ова претходеше жестока мобилизација на западните земји, сите како еден почнаа да ја пумпаат украинската армија со оружје, да снабдуваат разузнавачки информации, регрутираат платеници, и секако најопасното, формирање на вооружени структури под знамето на фашистичката идеологија. Задачите на овие империјалистички потфати се диктирани од желбата за одржување на хегемонијата на западните, а во прв ред американскит корпорации и деловните интереси на сите главни субјекти кои припаѓаат на структурниот англосаксонски систем на глобализираната економија, кои, по распадот на СССР, ги испружи пипките низ целиот свет.

Состојбата со политичките режими во земјите партнери на Западниот империјализам покажува колку лесно американската демократија на терен се претвора во национализам и дека многу малку е потребно оваа поддрша да се претвори во поддршка која отворено прокламирани фашистички идеи и банди, чија работа секогаш во исклучителен интерес за Западните корпорации. Нема сомнение дека сегашната војна во Украина е иницирана од НАТО и пред сè од САД, како што беше претходно во Виетнам, Југославија, Судан, Либија, Авганистан, Ирак, или пак Сирија. Сето ова по налог на најагресивниите одреди на бизнис класата.

Тензиите кои се создаваат на истокот, во Јужна Кореја и особено во Тајван, со одликуваат речиси со еднакви карактеристики, на оние од Украина, од пред постувувањето на марионетската власт, до конечното вооружување и купување на време за реализација на истото преку Минските договори.

Сведочиме на кулминација од жестока политичка реторика, зад која стојат проширувања на воените капацитети и бази, и доставка на огромни количини на оружје од страна на САД, токму околу источните земји чии власти се во нивно партнерство. Ако во Украина сведочиме на отворена крвава војна, на истокот имаме ситуација на ладна војна, особено е изразен

„фронтот“ кој го отворија САД против НР Кина. За жал, како што ладната војна во Украина е преточена во крвав конфликт, помеѓу империјалистичките амбиции од една страна и народот кој ја сака својата слобода од друга страна, така, оваа заострена реторика и вооружување укажуваат на опасноста ладната војна на Истокот за миг да се претвори во вооружен судир, за чиј исход веројатно ќе мора повторнода пресуди работничката класа.

Обединувањето на работничката класа денес е потребно повеќе од било кога, затоа што таа го претставува стожерот и авангардата која со сопствена и искрена идеја посетува моќ да се спротистави и превенира било каков излив на воени акции што е спременна западниот империјализам.

Претходно многупати беше демонстрирано непостоење на никаков закон или договор, почитување на човечки живот, етика или морал, во било кој од зафатите на Западниот империјализам. Пример е Либија која се претворена во опустошена земја, Сирија исто така и додека намерно сеправи сето ова, империјализмот тргува со човечката несреќа, каде се експлоатира последниот атом енергија на работникот, последната честица богатство кое го оставила природата на овие места.

Западниот империјализам и НАТО отвроија војна на евопско тло, отвроена е и ладната војна со НР Кина, додека сериозно се подгреваат односите околу Тајвна и Јужна Кореја. Работничката класа е свенсна дека доминацијата на овој империјализам мора да биде завршена! идејата за создавање на мултиполарен свет засега се наметнува како разумна солуција! Подршката на пролетеријатот кон анти-имперјалистичката идеја за создавање на мултиполарен свет е неопходна! Нам не ни останува ништо друга освен искрена борба за поправеден свет и чесна прераспределба на добрата кои треба да му служат на работниот народ. Еднаш победивме, Повторно ќе победиме!